Аналитичарот Ивор Мицковски не се согласува до крај со слоганот избран по повод годинешново чевствување на денот на Републиката: „Илинден – Огниште на Татковината“.

„Јас би се чувал настрана од такви претенциозни и изнасилено патриотски фрази, јер државичево покажа во милион наврати дека не знае да си припази ни на минатото, ни на сегашноста, камоли на некаква си иднина.

Единствено што знаеме или што знаат властите е да се сликаат на свечености, да спичкаат пари и да истераат петпарачки ПР каде според традиција се јаки на вилица.

Веројатно и затоа служат вакви празници.

Плус во оваа висока сезона на пожари, на разно-разни Огнени, на автомобили на вицекримипремиери што горат, ја би избегнувал вака жешки и распалувачки термини.

Културно е да се потсетиме и дека пред само некоја година, на денот на еден друг важен празник, додека властите оддржуваа самопромовирачка парада, ни изгореа 14 луѓе во импровизирана болница – од кабел.

Среќа не изгореа од Татковината“, коментира во објавата на Фејсбук Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.