Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на презентацијата на програмата за претстојните парламентарни избори најави спортски денар – 50 милиони евра директна поддршка за спортот во четиригодишниот мандат.

„Многу е важно најмладите да ги воспитаме во духот на спортот да се натпреваруваат, витешкиот карактер да го создаваат во себе затоа што во животот ќе имаат многу предизвици и многу е важно тој морален аспект секој млад човек да го има во себе бидејќи ако го има во себе уште во најмладите години тоа ќе го прати во текот на неговиот живот, а потоа ќе имаме општество во кое ќе се почитуваме и едни на други ќе бидеме поддршка а не како што сега имаме ситуации. Затоа спорот е многу важен да го развиеме витешкиот дух кај најмладите а од друга страна спортистите да не промовираат со спортски успеси на арените и борилиштата надвор од Македонија бидејќи тие се наши амбасадори и затоа овие 50 милиони евра за овој 4 годишен мандат ќе завршат директно за спортот за капитални инвестиции но и за поддршка со што ќе ги стимулираме врвните спортски резултати на големи натпреварувања“, кажа Мицкоски на презентацијата на Платформа #1198.

Тој најави и национален комплекс „Методиј Андонов Ченто“ во Скопје

„Спортскиот комплекс „Методија Андонов Ченто“ кој ќе се гради во Општина Гази Баба со еден дисперзиран објект, со едно дисперзирано борилиште, а тоа е една олимписка арена за боречки спортови која ќе биде во соседната Општина Бутел затоа што тоа е олимписка општина, таму е сребрениот од последните олимписки игри“, истакна Мицкоски.

Спортски комплекс, како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие и Битола.

„Како комплекс во Битола и во цела Пелагонија може да биде значаен комплекс од кој ќе излезат голем број спортисти кои ќе ја промовираат Македонија, Пелагонија, Битола како што многу пати тоа се случувало во минатото, затоа спортскиот комплекс Битола е исто така еден од приоритетите во програмата Платформа 1198“, посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.