Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски денеска присуствување на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала во населеното место Стајковци, општина Гази Баба во рамките на активноста „Промени на дело“.

Мицкоски беше запрашан за став за последниот скандал кој што излезе во медиумите даде што градежна фирма, пред да добие милионски тендер за изградба на автопатот Скопје – Блаце, продала хотел на Попова Шапка по цена од 50 илјади евра на фирма за која се пишува дека е на лице блиско до ДУИ.

Мицкоски истакна дека тоа е уште еден сликовит и еклатантен пример дека последните гласања во Собрание за избор на новата влада не е за промена на уставот цел отворање на преговорите со Европската Унија, туку тоа е гласање за продолжување на ваквиот криминал каде што по цена на гарсониера се купуваат хотели а Попова Шапка, од лице блиско до раководството на ДУИ.

Тоа е уште еден сликовит пример дека не се гласа за промена на Устав, туку се гласа да ова продолжи, да криминалот продолжи за по цена на гарсониера се купува хотел на Попова Шапка. Има ли поеклатантен пример за срамот и за криминалот што ни се случува? Значи, по цена на гарсониера се купува хотел и е платен, според она што можев да го прочитам од медиумите, од лице кое што е блиско до раководството на Демократската унија за интеграција. И сега, што треба ние повеќе да зборуваме? Просто, човек да се срами што е дел од оваа политичка сцена на која што мора да го дели просторот со тие луѓе“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.