„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот“, кажа претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:
Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител кој што е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка.
Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.
Сега следеше втор чин кога институциите брзо молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула, подвлече премиерот Мицкоски.
„Добро е што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани кои што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој.
Премиерот Мицкоски е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.