Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тричлена партиска делегација денеска се поклони пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 151 година од неговото раѓање.

Сепак, на стоитиците грашани, партиски функционери и симпатизери кои ги предводеше, поради протоколот за обезбедување настан од висок ризик, не им беше дозволено да влезат во црквата „Свети Спас“, што создаде нервоза кај насобраните.

За владиниот протокол денеска имаше доста реакции, пред сè од новинарите, на кои иако акредитирани, не им беше дозволено соодветно да го проследат настанот. Голем дел медиумски куќи, меѓу кои и „Република“, без образложение добија забрана за влез на честувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.