Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска ја предводеше делегацијата по која одела и стотици македонски граѓани кои сакаат да оддадат почит во црквата „Свети Спас“.

Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле.

Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија.

Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.