Во вчерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека потребна е одговорност на оние што фудбалчиња играат по канцеларии.

„На 24-ти април кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има одличен резултат во однос на кандидатот на СДСМ, се создава бран, демотивација, 8-ми мај ги поклопува 61 пратеник, реално сценарио. Знаете што ќе бидат очекувањата на гласачите што ги дале тие 61 пратеник? Ние ќе треба гнев да менаџираме во државата затоа што прво треба да ги повикаме на одговорност оние што фудбалчиња играат по канцеларии кои ги плаќаат граѓаните. Тоа се очекувањата на граѓаните тие што играат и ги понижуваат, што пеат песни по владини кабинети што ние ги плаќаме. Тоа ќе бидат очекувањата на граѓаните“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека очекувањата на граѓаните се дека тие што пеат песни, играат фудбалчиња и ги понижуваат да одговараат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.