Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека проевропскиот фронт на ДУИ и СДСМ, одлично кохабитираат со Левица која чекаше гости од комунистичката партија на Кина и се поклонуваа на Енвер Хоџа.

Во последно време во Градот Скопје јасно е изразена коалицијата Гром, Нова Алтернатива, ДУИ и СДСМ, и Левица да не ја заборавиме. Не очекувано со Левица, нели таа е анти ЕУ анти НАТО. Во Град Скопје СДСМ, ДУИ, Левица и Нова Алтернатива гласаат заедно. Јас кажав во политиката никогаш не вели никогаш ама од другиот блок ДУИ овој проевропскиот фронт СДСМ и ДУИ викаа никако Левица, Левица не сакаме да ја видиме. Јас не сум рекол така, ние велиме никогаш не ја затворајте вратата во политиката. Исток- Запад беше тезата, и сега од друга страна овие кои што беа гости на комунистичката партија на Русија или на Кина, на Енвер Хоџа му даваа почести, не честитаат празници православни, христијански, ниту муслимански, ниту ништо во коалиција гласаат со овие“, нагласи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.