Башиноселскиот мост на еден од влезовите за Велес, но и за општина Чашка е во очајна состојба и претставува опасност за тие кои се движат по него. И покрај ветувањата од централната власт во чија надлежност е, работите седат во место, а Владата и надлежните институции не превземаат ништо. Веднаш по смена на власта во најбрз можен рок ќе се почне изградба на нов мост со што Велешани и жителите на Башино село ќе добијат безбедна комуникација, а бизнисот ново поврзување и можности, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ХристијН мИЦКОСКИ ПРИ ПОСЕТАТА НА вЕЛЕС

Тој додаде дека ќе се заврши и изградбата на нова обиколица започната уште пред повеќе од 15 години.

СДСМ пак реагира. Велат празни зборови пред граѓаните на Башино село од страна на Мицкоски.

Мицкоски и ДПМНЕ не можат еден мост Беласица да санираат не па нов во Башино село да направат. После 2 години мандат како локална власт во Скопје и во останатите 40 општини ДПМНЕ покажа дека ги има нај неспособните градоначалници. Во Скопје не се реализира ниту еден проект, ниту едно изборно ветување – велат од СДСМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.