Во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ која денес се спроведува во Велес, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со пратеникот Игор Здравковски и градоначалникот Марко Колев имаа средба со граѓани на плоштадот Варналиите. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски истакна дека од средбите на терен се добива реална слика што бараат граѓаните и што може идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да направи за нив.

Секој еден е важен. Заедно со нас е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и имавме неколку средби со неколку различни целни групи и навистина е важно да се слушнат нивните потреби и нивните барања. Во текот на оваа кампања ќе ги согледаме сите проблеми, на сите граѓани, на сите целни групи и сакаме да направиме една достоинствена програма која што ќе значи подобро за секој еден граѓанин, истакна пратеникот Здравковски во своето обраќање на средбата со граѓаните на плоштадот Варналиите.

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев посочи дека секој месец се работи на нови проекти во општината, на изградба на улици, водоводи, канализации, детски игралишта, особено на левата страна на градот, за да се подобри животот на граѓаните и порача дека после промената на власта ќе следи уште поголем развој на општина Велес.

Во овој дел од градот Велес имаме сериозни градежни работи во делот на подобрување на целата инфраструктура, и на водовод, и на канализација и на патната инфраструктура. Ќе споменам неколку позначајни проекти кои се значајни за овој дел од градот, поврзување на асфалтен пат на Прцорек со Костурница и еве деновиве сме сведоци дека едната улица е асфалтирана, а на другата се работи и тоа ветување што сме го дале тука, веќе го реализираме. Дополнително, кога одевме на оваа лева страна на градот, ни ги спомнуваа улиците Андон Ќосето, Ѓорѓи Димитров и едната и другата улица ги завршивме. И тие две ветувања кои беа значајни за граѓаните ги направивме. Пред неколку дена имавме технички прием, а деновиве ќе имаме и отворање на пазарот, за да имаме еден капитален проект кој што го заслужува нашиот град. Велес конечно има затворен градски пазар, рече градоначалникот Колев и дополни дека новиот градски пазар, реконструираното училиште „Панко Брашнаров“ и реконструираните улици околу пазарот, кои не беа ветени во програмата, а се реализираат, ќе дадат нова содржина и убавина на Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.