Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати благодарност до сите граѓани кои денеска се потпишаа за кандидатот за претседател на партијата, Гордана Силјановска-Давкова.

Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.

Условот од 10 илјади потписи е надминат.

Ви благодарам за поддршката.

Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“, стои во објавата на Мицкоски на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.