Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека парламентарното мнозинство во иднина ќе биде поголемо од сега.
Тој му одговори на Христијан Мицкоски, кој кажа дека имало притисок од полукриминални групи кон пратениците во Собранието.
„Ова му е трета лага на Мицкоски. Пред 1 година во Собраинието дека има 61 пратеник за уривање на владата, па пред нова година кажа дека има 61 пратеник, и сега каже дека полукриминални структури, не знам каков е тој збор, или има криминални или чесни структури, а ние во СДСМ сме чесни. Сите одлуки се носени едногласно во партијата. Никој од партијата не им барал ниту меници, ниту изјави на нотар на пратеници како Мицкоски, за да ги држи во заложништво. Исто како што Апасиев го држи Мицкоски во заложништво. Нема никакво притисок, пратениците одлучуваат самостојно, и без притисок и да му порачам парламентарното мнозинство ќе биде уште поголемо од тоа што е денеска“, кажа Ковачевски.
Мицкоски го прашува Ковачевски што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство.
Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?
Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.