Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО.

Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски.


Мицкоски најави дека во Вашингтон ќе оствари голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.