Убеден сум дека на овие избори ќе се стави крај на владеењето на ДУИ и тие ќе заминат во опозиција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.

Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција.Треба да ѝ се даде шанса на ДУИ да помине одреден период во опозиција да се реструктуира, да освежи со нови идеи. Гледате како збунуваат со пораките – од зелена агенда пред една година почнаа со споменици, обедината Албанија. Водат политика денес за утре, а од друга страна, додека одат од еден на друг споменик се возат во „ролс ројс“ и „мајбах“ и купуваат мултимилионски имоти, објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

@republika.onlineМицкоски за ДУИ

♬ original sound – Republika online

Во интервјуто Мицкоски открива и во која изборна единица ќе се кандидира, колку пратеници очекува, под кои услови ќе ги гласаат уставните измени и дали кога ќе дојдат на власт ќе ги намалат платите на функционерите.

@republika.onlineМицкоски ќе биде носител во оваа изборна единица♬ original sound – Republika online



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.