Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева се огласи на социјалните мрежи по навредите искажани кон претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на митингот на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски во Куманово.

Митева и се обрати и на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која е во тимот за комуникации на Пендаровски, истакнувајќи дека разочарува отсуството на нејзината реакција на навредите на Силјановска Давкова.

-Уште пред да почне кампањата кажав дека нема да ме изненади малициозноста на СДС и дека нема да покажат ништо ново. Најостро ги осудувам сексистичките навреди кон кандидатката за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова кои беа искажани од активист на нивниот митинг во Куманово, пред целокупната јавност, во присуство на Пендаровски.  Колешке Кузеска, ја слушнавте навредата и со насмевка на лицето го земавте микрофонот, па се прашувам како прво Ви дојде да кажете “мислам дека тоа е се” наместо да осудите? Разочарувачки, многу неочекувано дека како жена нема прва да замолите да ги оставиме навредите на страна. Но, власт во заминување е најстрашна и најлоша власт, изгубен ви е компасот, порачува Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.