Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денеска заедно со градоначалникот на општина Сопиште, Стевче Трпковски извршија увид на градежни активности на детска градинка каде беше дадена и изјава за медиумите.
Запрашан за мислење околу ставот на Владата која смета дека 10% покачување се доволни и ги обвинуваат СОНК за неодговорност, Мисајловски порача дека власта мора да престане со притисоците кон СОНК и наставниците и наместо тоа да седнат и да изнајдат заедничкото и фер решение бидејќи луѓето од оваа фела тоа го заслужуваат.
Јас би порачал да престане со притисоци власта кон СОНК, кон професорите и кон сите оние наставници. Легитимно е барањето на целиот наставен кадар да се зголеми платата, бидејќи во Македонија сѐ поскапе. Поскапе зејтинот, брашното, енергенсите, струјата, водата, сѐ поскапува во Република Македонија. Затоа, наместо вакви закани кон тие луѓе, нека седнат овие од власта и нека направат навистина еден добар социјален дијалог, да има фер понуда за сите професори и наставници да го добијат она што го заслужуваат. Ние застануваме на страната на наставниот кадар и наместо демагогии и закани од власта, нека седнат и нека го најдат заедничкото решение бидејќи тие луѓе, таа фела навистина заслужува повеќе затоа што тие се тие кои го пренесуваат знаењето на сите генерации, потенцираше Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.