Мислам дека тие сакаат да ги израмнат сите теми. Важани се политичките теми, но исто така важни се и образовните теми, меморандумите за соработка, во транспортот, во економијата итн. Тие сакаат да направат релативизирање на се и тоа да го претстават дека не е ништо страшно, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Ако толку е добар овој договор за добрососедство со Бугарија, зошто дел од грантовите не се зголемат кон Македонија? Јас додека бев министер за транспорт ние аплициравме за огромен грант во железницата и тој се доби, но овие не го реализираат. И сега сакате да ми кажете дека сите овие договори они ќе ги исполнат? Па шест години немаат километар автопат, немаат километар железница и како сега сите тие договори, сите тие прашања ќе ги ставиме на исто кога има од една страна идентитетски многу важни работи што се во еден член и овие други договори што се за сите добри, истакна Мисајловски.

Тој рече дека апсолутно не доаѓа во предвид да се релативизираат овие две работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.