Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни.
Исплатата доаѓа по разговорите со министерот за одбрана Владо Мисајловски, а се однесува на: Зголемување по Уредба 15% и 30% за период од 02/2024 до 06/2024
Посебен степен на образование КША, ШНО, Докторат, Магистратура и др. за период од 02/2024 до 06/2024
Учество во комисии во висина од 10% за период од 02/2024 до 06/2024
ДОПОЛНИТЕЛНО е исплатено и:
Закупнина за 10/2024
Награда од 10.000 денари за 320 учесници во пожарите, информираат од Синдикатот.
НСО како репрезентативен синдикат продолжува со социјалниот дијалог за подобрување на правата и благосостојбата на вработените во МО и Армијата и изразува благодарност до министерот за исполнување на наследените обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.