Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ги повикува граѓаните на Референдум.

Со тоа, вели Мисајловски, ќе се укине идентитетско обезличување.

„Ајде сите заедно на Референдум за укинување на договорот со Бугарија, кој е извор на идентитетско обезличување“ – истакнува Мисајловски.

Синоќа заседаваше Извршниот комитет каде што се донесе одлука граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум. Во наредната недела партијата очекува да собере најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.