Николоски: Договорот со Бугарија е основата и почетокот на сите проблеми со кои се соочува Македонија

Македонија 06.09.2022 / 15:47

Договорот со Бугарија е основата и почетокот на сите проблеми со кои се соочува Македонија, коренот на барањата на Бугарија, сите понижувања на Македонија, националните обезличувања, обид за бришење на националните и идентитетски обележја, сите блокади и вета на патот кон евроинтеграциите, стои во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој порача дека народот ќе стави крај на уцените, понижувањата и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот народ и Македонија!

– Борбата за Македонија , македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик се столбот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно сплотени ќе успееме во оваа битка за Македонија! ОДИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ, додава Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести