Би сакал денес да Ве информирам за превземената иницијатива, а тоа е официјално барање до министерот за надворешни работи Османи, во најскоро можно време со рок до 2-ри март, да одржиме една посебна седница на Комисијата за надворешна политика поврзана со сите актуелни генерални конзули на Македонија во странство и процесот на нивно именување, нивните биографии и кој и дали ги исполнувале законските услови за да бидат именувани за генерални конзули, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Оваа иницијатива ја поведуваме затоа што во јавноста инцидентно протекоа информации и се дозна дека најмалку две решенија за генерални конзули не се испратени и именувани од Владата согласно законските услови односно не биле ниту вработени во МНР со високо службено дипломатско звање, ниту пак биле надвор од редовите на МНР, а да се афирмирани личности во надворешната политика или меѓународните односи. Сметаме дека вакво деградирање на македонската дипломатија не и е потребно во овој момент и треба да се понесе одговорност. Дали министерот за надворешни работи знаел или му биле подметнати вакви решенија, тоа ќе може да го одговори на Комисијата за надворешна политика, а во име на транспарентноста на која што се повикува Владата, очекувам да ја прифати оваа покана и да расправаме за ваквите спорни решенија, вели Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.