Македонија нема рокови за спроведување на барањата во францускиот предлог кој беше услов Европската унија да ни даде зелено светло за скрининг процесот кој ќе трае до крајот на оваа година.
Ова го истакна министерот за надворешни работи на Бугарија во интервју за Бугарската национална телевизија БНТ, Николај Милков. Тој додека дека кога Македонија ќе го исполни францускиот предлог, односно ќе ги внесе Бугарите во Уставот, тогаш ќе се отвори и првата фаза од преговарачкиот процес.
Се надевам дека ќе се вразумат и ќе размислуваат за за европската перспектива. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на францускиот предлог. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес, изјави Милков.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи потенцираш дека постои зголемување на тензиите во односите меѓу двете земји поради различните дејствија кои биле непријателски во однос на она што било договорено.
Според Милков во Македонија постојат случаи во кои македонските Бугари се репресирани. На таквите граѓани Бугарија е подготвена да им помогне со помош при поднесувањето на жалбите до домашните и европските судови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.