Одлично, убаво некој на глас тоа да го каже, коментира Ивор Мицковски на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска кажа дека никој не може да даде гаранции дека Бугарија нема да има нови барања по уставните измени.
Сега останува и да се каже дека влезот во Уставот ќе биде мотив за Бугарите да станат третиот ентитет во македонските институции и општество, дејтонизирајќи ја Македонија и претворајќи не во комплициран случај на Босна или Либан.
Односно, после влез во Уставот ќе бараат да бидат третирани како историско малцинство, што не се, иако се одговорни за речиси истребување на еврејското малцинство од Македонија, и ќе станат етничка заедница со гарантирани права.
Тоа само ќе им биде плус мотив нивните активисти во Македонија да плачат дека им биле кршени човековите прва и дека биле дискриминирани, нешто што веќе го прават, но тоа ќе се засили.
Се тоа ќе им помогне и во наративот дека сме измислена нација од комунистите и дека немаме сопствен јазик и култура.
Од институционален аспект, стекнувањето статус на „заедница“ би значело основа за барања за вработување во државната администрација по квоти, емисија на бугарски на МРТ, право на неработен ден за етнички празник и други права што ги уживаат малцинствата во Македонија, вклучувајќи и гласање според т.н. Бадентеров принцип.
Така да, ние ќе ги внесене во Уставот за да почнеме реални преговори, пошто ова сега е само глумење преговори за Маричиќ и Бујар да се шетаат и да имаат што да кажат.
Ама еднаш во Уставот, верувајте дека Бугарија ќе има дополнителни барања, дополнително влијание и сериозна пенетрација во внатрешните работи на Македонија, вели Мицковски потенцирајќи дека со таков багаж не се влегува во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.