За прв пат на македонската политичка сцена се случи ваква акција да се слушнат идеи на граѓаните кои потоа ќе се преточат во буџет на општината и ќе се реализираат,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за одѕивот на акцијата за идеи за буџетите на општините за 2023 година за време на посетата на општина Аеродром.
Мицкоски информираше дека граѓаните дале околу 2100 идеи или прецизно  2092.
„Граѓаните имаа можност да учествуваат во креирање на буџетите на општините. Задоволен сум од праксата која се покажа како успешна и ќе продолжи и понатаму“, кажа Мицкоски.
Тој укажа дека ова е иновација и оти ВМРО-ДПМНЕ како партија отсекогаш имала иновации и така же продолжи со работа и во иднина.
„Идеите на граѓаните ќе се спроведат следната година, а некои ако треба повеќе време ќе се спроведуваат етапно“, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.