Некој треба да му објасни на Бујарчо дека МНР не е пацифистички институт кој треба да се бави со изнесување на секакви баналности околу војната, туку државна институција на НАТО членка, која одбра да застане покрај борбата на украинскиот народ, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Во неговиот статус, тој понатаму пишува:
Морализирањето не е и не треба да биде примарна дејност на една институција. Таа институција има политичка одговорност, меѓу кои одговорности се и да не просерава глупости и да раскажува патетики како во војна: “Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата“.
Ваша работа е меѓудругото да ги истражувате во корен причините за оваа војна, да ги детектирате длабоките каузи и мотивиции за една ваква нехумана агресија и на основа на тоа да формулирате став, позиција, да изберете јасна страна и конкретно да евидентирате каде можете да помогнете.
И која е таа моронска констатација: “Додека се осудуваат постапките на Путин, треба јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери”.
Народот е апсолутно крив, секогаш и во секоја постапка на своите властодршци, биле тие демократи, диктатори или крвави тирани. Народот кој не знае да се ослободи, да се побуни, да се спротивстави, народ кој останува неутрален пред злосторствата на своите владетели е само пасивен сооучесник.
Сте се наоружале со банални и патетични флоскули и изигрувате дека нешто правите додека луѓе умираат и земји пропаѓаат, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.