Кога и американскиот и европскиот амбасадор ќе ви кажат дека САД и ЕУ потрошија милиони во секторот владеење на правото, а во реформи разочаравте, имплицитно ви кажуваат дека сте лопови и криминалци, коментира Ивор Мицковски.

Претходно денеска амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир изрази разочарување од случувањата во последните месеци.

ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваат дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доеолно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку праводусните органи за затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето, порача Гир.

Разочараност неодамна изрази и aмбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, која остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.