Мојот впечаток е дека сето ова изгледа малку покултурно од тоа што беше за јавноста. Но, суштина е иста дека секогаш кога ќе треба од страна на бугарската влада да се направи било каков чекор напред, повторно ќе има некакви изговори, без разлика дали тие изговори ќе бидат четири партитната коалиција или пак мене ме нема ќе дојде некој друг кој што ќе биде потврд во односите, секогаш ќе има било каков изговор само да не се направи чекор напред во насока на градење на доверба, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Претседателот Мицкоски оцени дека во односот на Ковачевски и Петков има многу парада, а малку суштина и сето тоа на штета на македонскиот народ.
Инаку сето ова како претстава пред завесата делува интересно, посебно за дипломатите од Европската унија, посебно за дипломатите кои се присутни во земјата, но без суштина. Нас ни треба суштина. Која е суштината? Суштината е дека ние изгубивме неколку преговарачки позиции, Али Ахмети лицитираше таму со нови промени на Уставот, Бојан Маричиќ лицитираше таму дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија итн.Имам чувство дека сето ова се случува со многу парада, но без суштина. Мислам дека секогаш од сега па натаму, вклучително и за време на средбата кога нешто ние ќе побараме од страна на бугарската влада да направи во насока на градење на доверба со Македонија и македонскиот народ секогаш ќе наидуваме на две пречки првата е имаме мултипартитна коалиција, која што во секој момент може да се распадне и втората е било кој после нас ќе биде потврд во прашањето, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.