Успеав да го прочитам тоа пишано интервју на Димитар Ковачевски, и би сакал да кажам три поенти од тоа негово пишано интервју. Првата поента е кога вели дека ова е развоен Буџет, не е развоен Буџет туку е инфлаторен. Зошто инфлаторен? Затоа што основата на неговото димензионирање е инфлацијата. Тие велат имаме зголемени буџетски приход поради зголемена инфлација, и таа ја проектираат на ниво од 7.1%. Што значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци, и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на Буџетот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Велес.

Мицкоски посочи дека власта не организира отворени денови за да граѓаните видат каде ќе се трошат парите од Буџетот. Власта едноставно само склучува договори во четири очи. Буџетот не е развоен туку инфлаторен.

Ковачевски вели дека растот на бруто домашниот производ ќе достигне стапка од 5%. А, истата таа Влада, истото тоа министерство вели дека следната година ќе имаме раст од 2.9%. Значи огромна е грешката. И тоа кога ќе го претворите во пари значи неколку стотици милиони евра. Ако премиерот вели 5%, а министерството за финансии вели 2.9% грешката помеѓу едниот и другиот орган е некаде околу повеќе од неколку стотици милиони евра“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И конечно последните две, а тоа се трансферите и дотациите кон Општините кои што велат дека ќе се случат. Исто и тука има голема лага. Еве гледате од искуство од прво лице, што значи тоа опструкции, притисоци, уцени, закани итн., инспекции на терен. Се сѐ прави само да спречи развојот на Општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Па, не им се овозможува за првпат историски општински обврзници, задолжувања преку банките како што е случајот во Гевгелија и во Радовиш. Така што повторно уште една лага, уште една манипулација или незнаење на Димитар Ковачевски, што е навистина катастрофално“, појасни Мицкоски.

„И четвртата работа за која што исто така сакам да кажам е справувањето со енергетската криза. Справувањето со енергетската криза се подразбира преку тендери во четири очи за набавка јаглен, транспорт на јаглен, набавка на мазут и „херојско“ авансно плаќање на фактурите. Бидејќи така тие глумат како херои, „херојско“ уплаќање на фактурите за електрична енергија кои што практично ги плаќаат за увоз на струја“, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во интервјуто на Ковачевски може да се забележат многу манипулации, многу лаги или многу незнаење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.