Да се прифатат барањата и да се нивелираат примањата на работниците, затоа што навистина тешко се живее, затоа што инфлацијата е огромна. Инфлацијата минатиот месец е 8,8% на годишно ниво и тоа е навистина е една исклучително висока стапка која што ќе ги надмине сите проекции кои што претходно оваа некредибилна влада ги предвидуваше. Граѓанинот се осиромашува, паричникот е се потенок, тешко се живее, одвај крај со крај се врзува и затоа, наместо да имаме богата Влада сиромашни граѓани, треба да имаме избалансирана состојба во државата, односно Влада која што работи да го подобри стандардот на граѓаните. Затоа, веднаш и под итно да се врати законот во собраниска процедура за зголемување и нивелирање на платите согласно коефициентот на сложеност на работното место и оваа самобендисана Влада да го прифати предлогот на опозицијата и предлогот на синдикатите, ова го гледа како единствен излез од социјалниот притисок кој што и престои на владата како резултат на денешниот штрајк на вработените во образованието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски.

Тој од Кочани истакна дека како опозиција предупредувавме дека ќе дојде до ова ситуација и затоа, до собрание го предложивме законот за нивелирање на платите, но од, некредибилната власт, нема кој да слушне, како советите на опозиција, така и барањата на работниците, преку разните синдикални здруженија.

„Тогаш предупредувавме дека до ова ќе дојде, но за жал, во оваа некредибилна влада нема кој да го слушне гласот на народот и токму поради тоа им се случуваат такви дебакли, како што се случија на два пати на локалните избори, а тоа ќе им се случи на, порано или подоцна, предвремените парламентарни избори кои што ќе се одржат. На народот, едноставно, му е преку глава од неспособни политичари, политичари кои што водат сметка само за личните буџети, а не водат сметка за стандардот на работникот, на граѓаните. и затоа ни се случуваат овие социјални немири. Ако го послушаа советот од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ние немаше да ја имаме оваа ситуација, но за жал, тие одлучија да се однесуваат така како што се однесуваат изминативе четири и половина години“, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.