Мицкоски за „Република“ ги разјаснува дилемите кои се појавија во јавноста дали побарал затварање на клубот „Ванчо Михајлов“ или само на „Цар Борис“.

Затворањето на бугарските клубови не е од причина зашто некој бил или не бил соработник со некој режим. Тоа е поради политички реципроцитет. Ако Македонците во Бугарија не можат да имаат свој клуб каде што културно ќе се организираат или да имаат права кои се резултат на пресудите на Судот во Стразбур, јас не гледам ниту една причина зошто овие 1500 граѓани на Македонија кои се декларираат дека бугарскиот јазик им е мајчин да имаат таков клуб и да се организираат во Македонија. Дали е тоа клуб Иван или Ванчо Михајлов или е Цар Борис Трети за мене во политичка смисла е сеедно. И двата треба да бидат затворени, а трет и не треба да се дозволи. Кога зборуваме за политички реципроцитет, тогаш не треба ниту еден клуб да биде оставен отворен бидејќи на нашинците во Бугарија не им е овозможено да имаат свој клуб.

Тој ја откри вистинската намера на СДСМ.

Намерата на СДСМ беше вулгаризирање на тоа што го зборував јас во една неодамнешна ТВ емисија и правење паралела со Иван или Ванчо Михајлов. Јас го кажав ова: На Кичевскиот конгрес во 1995 година донесена е одлука со која што се признава континуитетот на историското ВМРО и современата ВМРО-ДПМНЕ со Првиот конгрес во 1991 година во Прилеп. Започнувајќи од Првиот конгрес во Ресен сè до осмиот во 1932 во Горна Џумаја па почнувајќи со првиот во Прилеп или деветиот во континуитет завршувајќи со седумнаесетитиот во Скопје. И да, дел од овие конгреси и претседател на ВМРО во историска смисла на зборот Иван Михајлов.И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник.Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал.Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла.Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.Што сакаат во СДСМ? Тие сакаат да речат- вие сте имале во вашата структура соработник кој бил близок до некаков фашистички режим и тоа значи и тоа значи дека немате право да ги користите буквите и да ја организирате партијата како ВМРО-ДПМНЕ.Најпрво сакаа да не прикажат како радикална десница и да забранат функционирање како ВМРО-ДПМНЕ, па да ја просласат за екстремистичка и терористичка.Сега сакаат да повлечат некаква паралела со некаков фашистички соработник.Но нема да им успее бидејќи народот е позади ВМРО-ДПМНЕ. А затворањето на бугарските клубови во Македонија нагласувам дека сите клубови треба да бидат затворени како мерка на рецироцитет бидејќи македонскиот клуб бидејќи македонскиот клуб во Бугарија беше затворен и ниту еден нов не треба да се дозволи па макар и го носел името на Перо Јаворов, Христо Ботев или Димитар Благоев, било кој клуб кој можеби не е толку компромитиран и контроверзен.Самото тоа што не е дозволено на нашинците таму да се организираат таму во клуб треба да значи мерка на реципроцитет и ниту еден повеќе не треба да биде отворен овде.

Мицкоски има и одговор зошто Ковачевски го обвинува дека е промотор на овие клубови.

Дознав дека соработува со нова ПР агенција и претпоставувам дека тие му кажуваат.Но тоа што тој го кажува граѓаните не го чуствуваат од проста причина што тие знаат дека овие провокатори и во Охрид и во Битола ги отворија овие клубови не дека сакаат културно да се организираат туку за да провоцираат и да покажуваат доминација.Тие се случија во времето кога Ковачевски е премиер.Деновиве го слушаме еден негов коалициски партнер кој кажува дека Бугарите ја ослободиле Македонија.Поголем доброчинител за бугарските апетити во Македонија од Ковачевски немало, дури ни оној негов претходник кој кажуваше дека ние не сме имале споделена туку заедничка историја, дека сме биле еден народ, дека тие биле админатратори а не окупатори а за кој Ковачевски рече дека е негов верен послушник.Дури и тој не направи толку за великобугарските апетити колку Ковачевски..Сето тоа кое му го советуваат да го зборува и да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ и мене лично граѓаните тоа не го прифаќаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.