Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со економскиот тим на партијата денеска ќе оди на средба кај премиерот Димитар Ковачевски на која се очекува да разговараат за справувањето со економската криза.
Според најавите, средбата е закажана да се одржи во 16 часот, а потврда за неа вчера стигна и од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ.
Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициска партија со Владата, изјави синоќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 Маја Кадиевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.