Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на денешната трибина во Гостивар по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, испрати, како што рече, порака за обединување.

Во Гостивар се официјални три јазици: македонскиот, турскиот и албанскиот, што е одлична можност да испратиме порака за обединување. Во Македонија е доволно од поделби. Конечно треба граѓаните да се обединат и да застанат зад вистинските вредности: меѓусебна почит, разбирање и борба против криминалот и корупцијата. Да се бориме заедно за поквалитетно образование, да не бидеме рекордери по број на жртви од короната и се што е денес пораз да го претвориме во победа, истакна Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, рече дека порано или подоцна предвремeни парламентарни избори ќе има.

Не очекувам дека оваа власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими, кожните фотелји и привилегите што ги ужива, не очекувам дека тоа ќе го прифати и дека ќе замине зашто е свесна дека потоа следи одговорност. Но, затоа сме ние опозиција и затоа ја добивме довербата од народот на локалните избори. Порано или подоцна ќе се случат и предвремените парламетарни избори, а потоа следува одговорност за сите погрешни политики во изминатите четири години, истакна Мицкоски пред трибината „Мајчиниот јазик е идентитет“ што ја организира централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на маинуиот јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.