Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју рече дека не му пречи што Албанци се на високи позиции во власта, туку му пречи што има инфромации дека фунционерите си го делат рекетот од бизнисмените.

Мене ми пречи кога до мене ќе дојде информација дека постои основано сомнение дека рекетот се дели меѓу Ковачевски и Крешник. Кога ќе дознаам дека рекетот кој го зимаат од бизнисните го делат. Што се однесува до албанофобијата која се обидуваат да ја наметнат, тоа е начин на местото на чесните луѓе, да останат оние кои делат рекет. Имам сведочења од бизнисмени дека се жртви на рекет на функционери од ДУИ, рече Мицкоски.

Рече и дека нема проблем и дека можеби тој е првиот политичар во Македонија кој понудил да има Албанец премиер, а не е Албанец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.