Изворот на проблемот со Бугарија е Договорот за добрососедство потпишан меѓу Република Македонија и Република Бугарија, тој август 2017 година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, рече вечерва во ТВ-интервјуи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој потсети дека за неговата партија уште тогаш овој договор бил избрзан.

Зборувајќи за можното референдумско прашање Мицкоски рече дека во него треба да биде содржан изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.

За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање.
Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени.

И Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата, повтори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.