Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Дејвид Гир.

На средбата станало збор за ЕУ интеграциите на Македонија.

Ги нагласив ставовите кои ги има партијата и граѓаните на Република Македонија, а тоа е достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација.

 

Укажав дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите актуелни во Македонија.

 

Истакнав и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори кои треба да се случат што побрзо – истакнува Мицкоски по средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.