Сакам да ги поздравам бранителите и да кажам дека и по цели 20 години лузните од негрижата на државата се присутни и болат, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на годишната конференција на Унијата на ветерани на партијата.

Тоа што власта не зборува за овие трагедии не значи дека не постојат. А нивните дела за Македонија се херојски, иако нивните страдања за жал се на товар на нивните семејства кои државата ги третира на маргините.

 

Но, јас ќе испратам лична порака, сите вие и многу други кои покажаа храброст и пожртвуваност ја имате мојата најдлабока почит и поклон. Вашата љубов и дело за Македонија е забележано. Ќе работиме заедно додека не се исправи секоја неправда која е нанесена на секој еден човек од Македонија – истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.