Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги позициите на Македонија во однос на спорот со Бугарија, изјави дека државните позиции се моделираат онака како што сака власта, а дека се повеќе луѓе сакаат да си заминат од државата.

Си спомнувам кога доаѓаа многу официјални лица од Брисел и надвор од Брисел кои велеа: „Уште овој договор и завршена е работата, влегувате во НАТО и ги почнувате преговорите, од тој момент патот ви е отворен и станувате полноправна членка“. Поминуваат месеци, недели, години, позициите се моделираат како да се од пластелин. А, народот во Македонија страда. Јас сум професор. Ако пред 15 години веднаш по дипломирањето моите студенти велеа дека ќе бараат работа, денеска ги убедувам да останат во Македонија, а тие велат дека нема перспектива и дека си заминуваат. Сакам да кажам дека народот е тој што губи – порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.