Борба за секое работно место, во ова тешко време за народот. Компанијата „ОДВ Електрик“ во моментов има број на вработени околу 800 луѓе што ја прави еден од најголемите работодавци во тој регион – истакнува лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ваквата порака на Мицкоски, доаѓа по посетата на градоначланикот на Охрд, Кирил Пецаков на фабриката на „ОДВ Електрик“, при што се запозна со процесот на производство и со идните планови за развој на компанијата во Охрид.
Бројот на вработени во моментов во „ОДВ Електрик“ е околу 800 луѓе што ја прави еден од најголемите работодавци во регионот.
Изразив благодарност што компанијата го одбра токму ова место за инвестирање и ја истакнав подготвеноста на Локалната самоуправа да се излезе во пресрет на нивните потреби се со цел забрзан развој и зголемување на бројот на вработени во компанијата.
Во изминатиот период компанијата „ОДВ Електрик“, дел од својот производствен капацитет кој се наоѓа во Украина, го има префрлено во Охрид и со тоа бројот на вработени во изминатиот период е пораснат за неколку стотини.
Претходно, испратив официјално писмо со кое ги повикувам странските компании кои веќе имаат инвестирано во Охрид, доколку своите производствени капацитети од Украина ги преместуваат, нивниот избор да биде Охрид, бидејќи во Општина Охрид може да гледаат како на партнер кој ќе им излезе во пресрет за остварување на нивните планови – информира Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.