Алијансата за Албанците го поддржува штрајкот во образованието. Од оваа партија велат дека наставниците го бараат тоа што го заслужуваат. Генералниот секретар на партијата Арбен Таравари вели дека наставниците се платени под секој стандард и оти со такви плати не може да се очекува резултат од образовните институции.

Ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме. Мислам дека тоа е право што тие апсолутно го заслужуваат. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор во средно или основно училиште, но и на некои факултети, рече Таравари, кој денеска беше дел од Јавна дебата за образованието, организирана од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.