Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски најави дека ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери.

Интерпелацијата ќе ја поднесеме од името на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во следните неколку денови-потврди Мицевски за „Република“.

Тој вели дека останува да се види колкава поддршка ќе добие и колкумна пратеници би ја подржале.

За да биде интерпелацијата успешна потребно е да ја поддржат 61 пратеник.

Ваквиот потег од страна на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по блокадата на Собранието а се засили откако вчера Џафери ги заклучи пратениците од опозицијата во салата за да може да се изгласа дневниот ред.

 

Mицевски објаснува дека за Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права.

Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата, вели Мицевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.