Не смееле да штрајкуваат, пази ти, зошто нема кој да им ги чува децата. А тоа што еден наставник да е самохрана мајка не може да однесе дете ни во Дојран со тие примања, тоа нема везе, важно некој да ти го почува детето, коментира водителката Миа Костова за коментарите околу штрајкот на просветните работници.
Јас тргнувајќи од нашата наставничка, навистина не знам како успева да е и мајка и да се справи со 30 деца, да ги едуцира и да ги чува, она што ви е нели, најбитно, и утре да земе 17.000 пензија, на 11000 денари струја во зима. Срам да ви е ако навистина мислите дека светот се врти околу вас и дека во приватна фирма хигиеничарка треба да земе повеќе пари од таа што ви го чува детето и вие не го ни мислите додека сте на работа за дупло повеќе пари, зошто, нели, нејзина си е одговорнста бе, ќе ја задавите ако нешто му се случи. И тоа што добивате, многу ви е. Ќе пропуштеле настава. Тоа било поважно отколку примањата на еден наставник. Да беше вистина она што го мислите немаше да има деликвенти во 4то одделение и ќе ги воспитавте да седат сами дома додека наставникот се бори за нешто што вистински му следува. Реков што реков, вели Костова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.