Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација и тоа да биде одобрено од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, објави бугарски „Медиапул“ повеќе информации за францускиот предлог, од дипломатски извори.

Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.

Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.