Во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција, соопштија утрово од Министерството. На прес конференцијата ќе присуствуваат и директорите на УК за онкологија и радиотерапија, д-р Виолета Клисаровска, медицински директор, и Хаљид Матоши, организациски директор.

Во петокот беа извршени претреси на Клиниката, како и во приватни станови, како дел од акција на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството.

Како што информираа од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови, поврзани со работата на Клиниката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.