Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, за вестите на телевизија Сител, ја нагласи важноста на носењето на одлуката за ЕУ токму сега.
Важно е токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, тоа е битно за САД, како и за граѓаните на Македонија ние како држава да влеземе токму во овој пакет, истакна Маричиќ, додавајќи дека чекањето подобри времиња и очекувањето дека ќе се преговараат нови услови не е стратегија.
Маричиќ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.
Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните четири месеци сме го искористиле за избори, а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори, изјави Маричиќ.
Тој додаде дека понатаму во декември не постои можност да се однесе одлука за почеток на преговори со Украина и Молдова.
Сигурен сум дека Албанија и сојузниците на Албанија ќе сакаат да се разговара и за втора меѓувладина конференција за Албанија, секако и за нас доколку за тоа постојат услови, но ако не ги исполниме уставните измени за ова нема да постојат услови, изјави Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.