Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на промоцијата на проектот „Медиумите за ЕУ“, каде истакна дека за перцепцијата на граѓаните за процесот на преговори и за ЕУ клучна ќе биде соработка помеѓу медиумите, граѓанското општество и политичките партии.

– Процесот на евроинтеграции, особено со новата методологија, стана и политички процес, кој за жал кај нас сè почесто се политизира и се злоупотребува за дневна политика што секако влијае на ставовите на граѓаните за ЕУ. Затоа граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ и заеднички да правиме напори да се продлабочи дебатата за преговорите со ЕУ и за сите позитивни промени и економски можности кои ги носи членството, рече вицепремиерот Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.