Ако немаш пријател умри си, Партизирано здравство непријател број 1 на здравството, Сложни доктори и во петок закопуваат, Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите, Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?! Купената диплома слугува на народот!

Ова се само дел од паролите кои се истакнати на битолскиот плоштад Магнолија каде граѓаните излегоа на мирен протест да го искажат револтот од македонското здравство. Народот излезе да побара правда за Јана.

Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.