Во штотуку усвоените Заклучоци на Собранието Владата се задолжува (би требало да значи и: „овластува“) само во однос на Преговарачката рамка (дел од документот на ЕУ: Општ став…), не и на другите документи кои беа содржани во Информацијата доставена од Владата во Собранието. За другите документи/делови од документи (Предлог заклучоци на Советот, Заеднички став на ЕУ, Општ став на ЕУ – Воведна изјава) нема ни збор. Токму во овие документи се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави, појасни на својот фејсбук профил Малинка Ристевска Јорданова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.