Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, синоќа, во гостувањето во „Став“ на ТВ Плус изрази жалење за настанатите услови во делот на образованието и изјави дека не само енергетската криза, туку и покачувањето на минималната плата создава одредени проблеми во општеството.

Сметам дека секој човек заслужува поголема плата, а платите дефинитивно во Македонија се ниски. Треба да се изнајде решение на проблемот со платите за наставниците. Јас сепак сум независен во делот на својата работа и немам право директно да се мешам во делот на работењето на синдикалните организации. Ако гледам и дискутирам како човек лично поддржувам еден ваков облик затоа што сметам дека платите во делот на образованието се многу ниски, особено на луѓето кои директно работат на воспитно образовната програма, а тоа се професорите и наставниците. Тоа се една авангарда во општеството и не заслужуваат учителите и учителките да земаат плата некаде околу 25, 26 илјади денари. Дојде до малтене едно изедначување со помошно техничкиот персонал. Луѓето заслужуваат поголема плата и поголеми средства, но она што е резултат на штрајкот и прекинот во делот на работење и воспитно образовната програма ние ќе мораме на некој начин да се надокнади, за тоа треба да излезе ресорното министерство со конкретни насоки како да ја надокнадиме програмата, бидејќи веќе две ипол години сме во корона криза“, рече Димитриевски.

Димитриевски изрази верување дека Владата ќе снајде сила да излезе во
пресрет на овие барања, бидејќи барањата на професорите и наставниците
се легитимни



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.