Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на вчерашните протести посочи да не се мава по службени полициски лица, затоа што тоа се истите лица што ја бранеле државата во 2001 година, во кумановско Диво Насеље, а виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат Македонија.

Не мавај, не фрлај по полицаецот, не е виновен тој, тоа се истите луѓе кои ја бранеа државата во 2001ва, во кумановско Диво Насеље и ако е потребно повторно ќе ја бранат. Виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат нашата Македонија и се однародуваат. ДА за демократски протест! НЕ за насилство, конфликти, говор на омраза и навреди на етничка основа! Ние единствено на овој свет се делиме на добри и лоши луѓе“, напиша Димитриевски на неговата официјална Фејсбук страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.