Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонските разговори на претседателот Емануел Макрон, кој денеска последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Кирил Петков и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА.
Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.
Претседателот на Франција потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, пишува во краткото соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.